Фудбал
ПСЖ ја покажува на вратата на една од своите ѕвезди
Аргентинската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Анхел ди Марија најверојатно ќе го напушти францускиот гигант на лето. Ова го тврди авторитетното локално издание „Тим“. Според информациите, раководството на Париз нема да му понуди нов договор на иконскиот играч на клубот, а тој ќе си замине на лето како слободен играч.
Договорот на Ди Марија истекува во јуни, а засега нема индиции дека ќе биде продолжен. Желбата на фудбалерот е барем уште една сезона да остане во француската престолнина, по што ќе се врати во татковината каде најверојатно ќе ја заврши кариерата.
Ди Марија дојде на Паркот на принцовите во 2015 година од Манчестер Јунајтед и брзо стана клучна фигура во составот на ПСЖ.