Connect with us

Фудбал

ПСЖ ја започна операцијата „Виктор Осимен“

Француските медиуми објавија дека спортскиот консултант на Пари Сен Жермен, Луис Кампос договорил средба со агентот на напаѓачот на Наполи, Виктор Оксимен за време на претстојната репрезентативна пауза.

Нигерискиот интернационалец ужива во најдобрата сезона во кариерата. Тој постигна 25 гола и забележа пет асистенции за тимот од Серија А во само 29 натпревари оваа сезона.

Таа форма го привлече вниманието на многу европски елитни клубови и со неговиот договор кој истекува во 2025 година, тој ќе биде еден од најбараните напаѓачи во светскиот фудбал ова лето, пишува Труд.

Иако постои опција Осимен да остане во Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челзи се заинтересирани за него. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис бара 150 милиони евра за играчот за кој плати 80 евра кога пред три години се пресели од Лил во Наполи.

Advertisement