Фудбал
ПСЖ направи ѕвезден тим летово, сака да го договори играчот на Милан во зимскиот преоден рок
Прва мета на парижаните е фудбалерот за врска на Милан, Франк Кеси (24), кој влезе во последната година од својот договор со „росонерите“, па спортскиот диреклтор на ПСЖ, Леонардо веќе го контактирал својот екс-соиграч Паоло Малдини за да договорат трансфер во јануари.
Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе го контактирал својот колега во Милан, Паоло Малдини и му предложил трансферот да биде реализиран во зимскиот преоден рок.
ПСЖ во летниот преоден рок предизвика вистински фудбалски земјотрес со ангажирањето на Лионел Меси, Серхио Рамос и Џанлуиџи Донарума како слободни играчи, а за Ашраф Хакими плати обесштетување, сега е во контакт со Милан во врска со трансферот на Франк Кеси кому на крајот од сезонава му истекува договорот.