Connect with us

Ракомет

ПСЖ подобар од Нант на Лазаров во француската пресметка во Лигата на шампионите

Француското дерби во рамките на 11. коло на Лигата на шампионите му припадна на ПСЖ, кој славеше во Нант со 31:35 и го задржа лидерското место во групата.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна шест голови и заедно со Ривера беа најефикасни во поразената екипа.

Кај ПСЖ одличен натпревар одиграа Абало со седум и Хансен и Тофт Хансен со по шест гола.

По 11 одиграни натпревари во Б-групата, ПСЖ е лидер со 10 победи и само еден пораз, додека Нант има биланс од три победи, исто толку нерешени и пет загубени средби.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Ракомет

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com