SPORTM.mk
ПСЖ поразен кај Рен
Во последниот натпревар од второто коло од француското фудбалско првенство, Рен изненадувачки на свој терен го совлада актуелниот првак Пари Сен Жермен.
Париските „Светци“ поведоа со голот на Уругваецот Единсон Кавани во 36 минута по големата грешка на домашната одбрана, но до полувремето Рен успеа да израмни. Стрелец во 44 минута беше М’Баје Нианг, а на самиот почеток од вториот дел, во 48 минута погоди со глава и Ромен Дел Кастиљо.
Рен по двете премиерни кола има максимални шест бодови, како и Лион и Ница, додека ПСЖ остана на три бода.
Во петокот Лион со 6:0 го прегази Анжер, а во саботата беа постигнати следните резултати: Нант – Марсеј 0:0, Мец – Монакот 3:0, Тулуз – Дижон 1:0, Ним – Ница 1:2, Амјен – Лил 1:0 и Бордо – Монпелје 1:1. Во недела без победник завршија дуелите Сен Етјен – Брес (1:1) и Ремс – Стразбур (0:0).