Connect with us

Ракомет

Пуштени во продажба билетите за дуелот на македонските ракометари против Португалија

Од денеска се пуштени во продажба билетите за натпреварот што македонските ракометари ќе го одиграат против Португалија, в четврток во Скопје, во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

– Продажбата на влезници започна точно напладне онлајн на интернет страницата на МК Тикетс, а билети можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, соопшти Ракометната федерација на Македонија.

Продажната цена на влезниците за натпреварот в четврток од 19 часот во СРЦ „Борис Трајковски“ е 100 и 200 денари.

По две одиграни кола во групата 1, Македонија и Португалија се на делба на првото место со максимални шест бодови, додека Луксембург и Турција се без бодови.