Тајмаут
„Путин“ и Јанушев најчитани во 2017. на Спорт М
Уште една година е веќе зад нас, ситно бориме до почетокот на новата. А крајот на старата е секогаш резервиран за сублимирање на она што било сработено во текот на годината и спортските настани и вести кои ја одбележаат 2017. година.
Иако млади како медиум, во изминатава година бевме сведоци на големи случувања и известувавме во живо од местото на настанот.
Почнувајќи од општинските лиги па се до меѓународниот фудбал, ракомет, кошарка, бокс и останатати спортови.
Изминатава година, за Спорт М ќе биде запишана во историјата како година во која започна со работа интернет порталот, а читателите ќе ја паметат по настаните кои ја одбележаа оваа година.
Изминава година, Спорт М известуваше од Супер Купот во Скопје, кој е еден од најголемите досега организирани настани во нашата земја. Токму овој настан пробуди и најголем интерес и желба кај нашите читатели, па вестите поврзани со Супер купот се најчитаните изминатава година.
Конкретно, од Супер купот во Скопје најчитана е статијата за момчето кое влезе речиси голо и трчаше на Телеком арената, со натпис ПУТИН. Веста преземена од нашиот медиум силно одекна и на Балканот.
На втората позиција од најчитаните вести, е веста која ја погоди спортската јавност. Смртта за младиот фудбалер Мартин Јанушев. Спорт М беше првиот медиум кој известуваше од местото на настанот со фотографии и видеа, а први бевме и во објавата за тоа кој беше Мартин Јанушев, односно неговата биографија.
Денес, на последниот ден од 2017. година ние ќе посакаме што помалку да известуваме и пишуваме за лоши вести во 2018. година.
Редакција
Спорт М