Connect with us

Други спортови

Путин суспендиран и од Меѓународната џудо федерација

Меѓународната џудо федерација го суспендираше Владимир Путин од функцијата почесен претседател и амбасадор. Рускиот претседател има црн појас во џудо. Одлуката е една од серијата спортски санкции објавени во последните денови.

Руското ГП во Формула 1, кое требаше да се одржи во Сочи во септември, е откажано. А на почетокот на неделата беше објавено дека финалето на Лигата на шампионите во 2022 година ќе се игра во Париз, а не во Санкт Петербург.