Connect with us

Ракомет

Работитe во Металург тргнаа низ брдо

Хрвтскиот ракометен интернационалец Халил Јагањац беше прва ѕвезда на Металург пред да направи трансфер во хрватски Нексе. Тој во интервју за порталот „индекс.хр“ зборуваше за времето поминато во Скопје и за одлуката да си замине. Одличниот шутер истакна дека во Металург било добро, се додека не почнала да гризе финансиската криза, поради која си заминале многу играчи, меѓу нив и самиот тој.

  • Година дена откако дојдов во Париз, ми се јави Червар и ме повика за репрезентацијата. По три-четири тренинга, ме повика и во Металург, каде ми кажа дека ќе напредувам како играч затоа што ќе играм ЛШ и СЕХА. За жал, работите во Металург тргнаа „низ брдо“. Прв си замина Червар поради финансиски причини. Поради иста работа и јас потоа си заминав. Никој не го сакаше тоа, но клубот тргна по некој чуден пат. Сите играчи кои се гледаа како лидери, си заминаа. Јас си отидов дури и меѓу последните затоа што останав да ја доиграм групната фаза во ЛШ, што беше од голема важност за мене како играч, изјави Јагањац.

Хрватот од Металург направи трансфер во Нексе, каде се адаптира брзо и стана еден од подобрите ракометари во составот.