Connect with us

Кошарка

Работнички броеше до „105“ против Пелистер

Фото: Архива

Во салата „Градски парк“ се одигра воведниот натпревар од четвртото коло во Првата кошаркарска лига. Работнички ја оправда фаворитската улога против Пелистер совладувајќи го со убедливи 105-49, пишува ТВ 24.

Квалитетот на паркетот пресуди уште во првите 10 минути. Работнички постигна 32 поени, наспорти 8-те коша на гостинот. Во вториот квартал, иако Пелистер покажа заби и одигра рамноправно, сепак високата предност која ја создаде тимот од Дебар Мало беше недостижа. Поведоа со 45-20 на паузата, а доминацијата ја продолжија и во вториот дел. Немилосрдно го го полнеа кошот на противникот, за на крајот да слават со преубедливи 56 поени разлика.

Работнички и по четири натпревари останува непоразен, и засега ја зеазема лидерската позиција на табелата. Билансот на Пелистер е три порази и само еден триумф.

В сабота, Гостивар го пречекува Шкупи и Охрид е домаќин на Кожув. В недела, Карпош Соколи ќе ги измери силите со Фени Индусти и Струмица ќе се сретне со Куманово, а четвртото коло ќе го затворат МЗТ Скопје и Блокотехна в четврток.