Connect with us

Кошарка

Работнички домаќин на Ф4 за кошаркари до 18 години

Кошаркарите на Работнички кои се натпреваруваат во возрасната категорија до 18 години ќе ја бранат шампионската титула освоена ланската сезона на домашен терен, откако претставниците на клубот се изборија за организација на завршниот турнир на лицитацијата одржана во просториите на Македонската кошаркарска федерација. 

На завршниот турнир, покрај организаторот Работнички, учество ќе земат и екипите на Феникс 2010, МЗТ Скопје Аеродром и Вардар (1).

Првиот полуфинален натпревар, помеѓу Работнички и Феникс 2010 ќе се одигра в петок (1 јуни) со почеток во 17 часот и 30 минути додека второто полуфинале, помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Вардар (1) ќе започне во 20 часот. 

Натпреварите за трофејот и за 3.место ќе се играат в недела (3 јуни).