„Работнички“ го победи „Гостивар“ со кош во последната секунда

„Работнички“ го совлада „Гостивар“  со 91:90 во дербито на Првата машка кошаркарска лига, а јунак на натпреварот беше српскиот крилен центар Данило Мијатовиќ.

Некогашниот играч на „МЗТ“ Скопје, „Куманово“, „Блокотехна“ и „АВ“ Охрид, даде кош во последната секунда, откако претходно, на три секунди до крајот, Донован Доналдсон погоди за минимално водство на гостиварци.

-текстот продолжува по рекламата-

„Гостивар“ на пет минути до крајот водеше со девет поени разлика, имаше плус од 90:89 на три секунди до крајот, но Мијатовиќ поентираше со последниот звук на сирената за голема радост на „црвено-белите“ кај кои Лесколт имаше 25 поени и по осум скока и асистенции. Доналдсон со 21 поен, 10 скока и осум асистенции беше најдобар кај гостиварци.