Connect with us

Кошарка

Работнички ќе игра хуманитарен натпревар за лекување на Ирена Танчева

Кошаркарите на Работнички утре од 18:00 часот во салата „Градски парк“ ќе одиграат пријателски натпревар од хуманитарен карактер против ветераните на овој клуб, а главна цел ќе биде собирање средства за помош на Ирена Танчева (25).

Танчева е мајка на две деца, а на 27 април минатата година имала тешка сообраќајна несреќа по која поради повреда на четвртиот и петтиот пршлен, останала неподвижна. На средбата ќе се собираат средства за нејзино лекување со матични клетки во Русија, само со една и единствена единствена цел, таа повторно да застане на нозе.

Воедно дуелот против ветераните на клубот ќе биде и последна проверка за избраниците на Марин Докузовски пред дуелот со МЗТ Скопје, кој ќе се игра во понеделник во „Јане Сандански“.