Connect with us

Фудбал

Работнички остана без тренер, Влахо поднесе оставка

По поразот на домашен терен од 2:1 од Струга Тим Лум, Работнички се најде на последната позиција на табелата. Поради тоа Александар Влахо понуди, а раководството на Работнички ја прифати неговата оставка. Раководството на клубот ја прифати оставката на Александар Влахо и му понуди да остане во клубот со друга функција. Како привремено решение, тимот ќе го предводат Марјанчо Андрески и Славчо Георгиевски.

„Како морален чин, како тренер и спортски работник, чувствувам морална одговорност дека Работнички по десет одиграни кола се наоѓа на позиција на табелата која не ја заслужува. Од тие причини, понудив оставка до раководството на клубот, изјави досегашниот тренер Александар Влахо.

Работнички в среда му гостува на Шкупи во рамките на 11.коло од Првата фудбалска лига.