Кошарка
Работнички со поени во последна секунда до триумф против Гостивар
Работнички славеше против Гостивар со 91:90 во дербито на Првата машка кошаркарска лига. Херој е српскиот кошаркар Данило Мијатовиќ кој даде кош во последната секунда. Претходно на три секунди до крајот, Донован Доналдсон погоди за минимално водство на гостиварци.
Гостивар на пет минути до крајот водеше со девет поени разлика, имаше плус од 90:89 на три секунди до крајот, но Мијатовиќ поентираше со последниот звук на сирената за голема радост на „црвено-белите“ кај кои Лесколт имаше 25 поени и по осум скока и асистенции. Доналдсон со 21 поен, 10 скока и осум асистенции беше најдобар кај гостиварци.