Фудбал
Раџа сè уште не верува: Ова е тежок удар, особено кога не разбирате зошто
Раџа Наинголан нема да игра за репрезентацијата на Белгија на Светското првенство во Русија.
Роберто Мартинез не го повика во националниот тим, по што играчот од средниот ред на Рома одлучи да се збогува со националниот тим.
Наинголан го боли фактот дека тој нема да игра на Мундијалот, и тој уште еднаш го потврди тоа во интервју за белгиските медиуми.
“Навистина сакав да играм на Светското првенство, но тој одлучи така, сè уште не разбирам зошто. Ова е тежок удар и мислам дека заслужував поголема почит”, рече Наинголан.
Фановите и медиумите му дале голема поддршка и тој е среќен за тоа.
“Секогаш е убаво кога луѓето те поддржуваат. Особено сум задоволен од поддршка на соиграчите од репрезентативниот тим. Сепак, не треба ова да го работат, важно е да се фокусираат на Светското првенство и да се подготват за добари резултати”, изјави Наинголан.