Поврзи се

Ракомет

Радичевиќ: „Јане Сандански“ ќе остане неосвоива тврдина за сите

Балканското ракометно дерби во женска конкуренција во лигата на шампионите се игра викендов во Скопје, гостува тимот на Будуќност, поранешен двократен европски првак. Средбата се игра во сабота во 15 часот во СЦ „Јане Сандански”.

ЖРК Вардар сезонава трипати играше со Будуќност но во регионалната ВРХЛ лига, со победа на сите три натпревари за црвено-црните.

„Будуќност сезонава нема победа на гостински терен. Салата во „Јане Сандански” ќе остане неосвоива тврдина за сите. Сакам да ја задржиме добрата атмосфера. Очекувам да одиграат грубо и агресивно на денешниот дуел. Сепак, се навикнавме на таква игра од Будуќност. Игравме против овој тим во Регионалната лига, но последниот меч не е мерило за квалитетот. На тој дуел ниту ние ниту Будуќност не беше комплетен, па затоа ова ќе биде сосема поинаков дуел. Воедно би сакала да одиграме натпревар пред полни трибини и да се чувствуваме исто како што беше случај во Германија против Битигхајм каде имавме огромна поддршка и каде се чувствувавме како дома, вели Јованка Радичевиќ.

ФОТО

loading...

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com