Connect with us

Ракомет

Радувај се Македонијо, одиме на Светско првенство!

Каков меч, неверојатен меч на македонските ракометари. Се издигнаа од „пепелта“ што би се рекло во спортски жаргон, по оној убедлив пораз на гостувањето кај Фарски Острови, па вечерва пред гласната публика во салата “Борис Трајковски“ одиграа фантастичен меч и славеа со осум голови разлика, односно 34:26 со што го анулираа поразот од 34:27 на гостувањето.

Ова значи дека Македонија оди на Светско првенство во 2025 година, кое ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка. Најдобар стрелец во македонскиот табор беше Пешевски со осум погодоци од исто толку обиди, Кузмановски имаше еден помалку, а Митев постигна шест голови.

Advertisement