Други спортови
Раиконен позитивен на коронавирус, нема да вози на ГН на Холандија!
Кими Раиконен, возачот на Алфа Ромео покажа дека е позитивен на Ковид-19, па така тој не ќе може да вози на ГН на Холандија која се одржува викендов.
Легендарниот Финец добил позитивен тест, но се наоѓа во добра здравствена состојба и нема никакви симптоми на вирусот.
– Рајконен веднаш беше сместен во изолација, во хотел. Целиот тим му посакува побрзо и поуспешно закрепнување – додаваат од тимот на „Алфа Ромео Рејсинг“.
Во болидот „Алфа Ромео“ Раиконен ќе биде заменет од оолскиот возач Роберт Кубица (36) доживеа страшна несреќа на рели во 2011 година, поради што му беше ампутиран дел од десната рака, но со голема волја, по долга рехабилитација, се врати на трките.