Рајола оствари контакт со поранешниот клуб на Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ би можел повторно да игра во Серија А.

-текстот продолжува по рекламата-

Ибрахимовиќ ќе биде слободен играч од јануари откако ќе му истече договорот со ЛА Галакси.

Бока Јуниорс се споменува како следна дестинација во последните неколку недели, но интервјуто кое го даде за „Gazzetta dello Sport“ Ибра рече дека со задоволство би се вратил на Апенините ги уклучи алармите.

Швеѓанецот ја спомена Болоња заради Синиша Михајловиќ, Наполи поради Карло Анчелоти, Интер каде веќе играше …

Се чини дека мамката ја фатија Нераѕурите кои веќе остварија контакт со Мино Рајола, пишува Ил Гиорнале.

Ибрахимовиќ изјави дека ќе биде подобар од повеќето играчи на Серија А на 38-годишна возраст и може лесно да постигне 20 гола по сезона.

Освен Интер, чиј дрес го носеше од 2006 до 2009 година, тој настапи и за Милан и Јувентус.

Совет за етика во медиумите
Loading...