Connect with us

Тајмаут

Ракитиќ поради проблеми во Барселона мораше да оди пеш до дома

Хрватска синоќа одигра 1-1 против Велс во квалификациите за Европското првенство.

Неколку дена пред тоа, избраниците на Златко Далиќ во Сплит ја совладаа Унгарија, а откако ги одиграа своите два натпревари во овој период, веднаш по мечот против Велс, сите тргнаа по својот пат.

Така, Иван Ракитиќ се врати во Барселона каде што го слета авионот на аеродромот, но тој беше соочен со проблеми.

Поточно, тој мораше да пешачи кон градот, со оглед дека денес по пресудата на лидерите на Каталонија, голем број на луѓе излегоа на улиците и протестираа.

Така, демонстрантите го блокираа и аеродромот, а Ракитиќ мораше да оди пеш, но подоцна успеа да дојде до неговата дестинација со такси.

Поради овие проблеми денес во Барселона се одложени многу летови, а до аеродромот можеше да се стигне само пеш бидејки патот беше блокиран.