Connect with us

Ракомет

Ракометарите добија нов селектор

Македонската ракометна јавност ќе мора да почека до в недела за официјално да го дознае новиот селектор на машката репрезентација, човркот кој ќе ја има задачата да ја продолжи одличната работа на неговиот предходник, Раул Гонзалез.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ), утрово ги информираше ракометните фанови дека в недела ќе одржи прес-конференција, на која и официјално ќе биде промовиран новиот предводник на селекцијата.

Веќе е извесно дека оваа функција ќе заврши кај актуелниот предводник на младинските категории и тренер на Металург, Данило Брестовац, кој своевремено работеше во А-селекцијата како помошник на Ивица Обрван.