Connect with us

Ракомет

Ракометарите ја добија ветената премија за пласманот на ЕП 2022

Ракометната федерација (РФМ), го исполни ветувањето што го даде, доколку ракометарите обезбедат пласман на Европското првенство 2022, ќе добијата премија од 30.000 евра.

Исто така ракометарите беа наградени и со 20.000 евра за остварената победа против Светскиот и Олимпискиот шампион Данска, односно вкупно 50.000 евра.

Македонските репрезентативци ќе настапува во Унгарија (Дебрецен) во јануари 2022 година, тие се во „група А“ заедно со Данска, Словенија и Црна Гора.