Connect with us

Тајмаут

Ракометарите на литургија со отец Пимен во Загреб

Македонските ракометари по синоќешната победа над Словенија, ја посетија македонската првославна црква во Загреб, „Света Злата Мегленска“ каде oтец Пимен одржа литургија и им посака среќа. „Како што Кире ве водеше вчера, така да ве води и низ целото првенство.

Во Загреб доаѓале многу државници, бизнисмени но не дошле во оваа црква, а вие и покрај големите обврски кои ги имате одвоивте време да дојдете“, им порача Отец Пимен на ракометарите.

Владиката на својата страница на „Фејсбук“ објави: „Среќна стара нова од Загреб! Се надевам дека и за ова нема да почнете да мрчите…“