Ракомет
Ракометарите на Металург не можат глава да кренат од порази
Ракометарите на Металург го претрпеа и осмиот пораз во низа, четврти во Сеха лигата, откако на домаеш терен загубија од екипата на Мешков Брест со 34:28, во рамки на 11 коло од регионалното натпреварување.

Со овој пораз во СЦ „Борис Трајковски“, „металурзите“ остануваат заковани при самото дно на табелата со само една победа и едно реми, додека белорускиот тим останува во борба за пласман за едно од првите четири места на табелата, кои водат на Ф4 завршницата.

Најефикасен кај македонскиот претставник беше Гонзало Рибеиро со осум погодоци од 11 обиди, додека по четири постигнаа Филип Арсеновски и Мартин Серафимов. На спротивната страна Шиме Ивиќ и Петар Ѓорѓиќ запошаа по десет погодоци.