Поврзи се со нас

Ракомет

Ракометарите негативни на Ковид-19, РК Металург замина за Шпанија

Рано наутро Металург замина за Шпанија. Вчерашните тестови за коронавирус се негативни кај сите ракометари, така да тренерот Оливер Димитриоски на располагање ќе ја има комплетната екипа. За жал имаме еден позитивен случај во стручниот штаб. Тој остана во Скопје, заедно со уште еден член на стручниот штаб, кој пак остана поради свои семејни причини.

Се очекува Металург во Леон да стигне во вечерните часови в понеделник, што е хендикеп за екипата која веќе следниот ден ќе има натпревар во Лига Европа. Како што е веќе познато, Металург не најде погодна авио-конекција за Леон и беше принуден да патува со автобус.

Натпреварот со Адемар Леон, од третото коло на Лига Европа, на програмата е во вторник, со почеток во 20.45 часот. Ќе се игра во градската “Палата на спортовите“.

loading...

Facebook