Connect with us

Ракомет

Ракометарите во Шпанија во страв: Бараат тестирање пред секое коло

Новата ракометна сезона во Шпанија ќе започне во вторник, а ќе ја отворат Бидасоа и Адемар Леон.

Елитниот ранг на шпанскиот ракомет ќе брои 18 клубови, а ракометарите се во страв поради пандемијата на коронавирусот и побараа помош од раководството на лигата преку нивните претставници.

Играчите бараат тестирање за коронавирус пред секое коло и затоа бараат финансиска поддршка без што ова се чини невозможно.

Тие исто така бараат ревизија на уникатниот COVID протокол на национално ниво за тимски спортови, а клубовите изработија свои предлози.

Засега е непознато што ќе се преземе по ова барање, но сите се плашат дека лигата ќе се распадне во првиот чекор доколку не бидат прифатени нивните барања.