Ракомет
Ракометарките добија 10.000 евра за пласман во баражот за СП
Успешниот настап во квалификациската група што се играше на домашен терен, им обезбеди пласман на нашите репрезентативки за бараж-натпреварите кои ќе се одиграат во јуни 2019 година, во чии рамки најпрво ќе се игра на домашен терен со репрезентацијата на Словенија, додека вториот натпревар ќе се игра на гостински терен.
Победниците од бараж-двомечот ќе осигураат пласман на Светското Првенство Јапонија 2019.
Управнииот Одбор на РФМ донесе и дополнителна одлука доколку „жолто-црвените“ обезбедат пласман на претстојното СП во Јапонија ќе бидат наградени со дополнителни 30.000 евра.