Ракомет
Ракометарките на Подравка го вадеа клупскиот автобус од снег (ВИДЕО)
Ракометарките на хрваскиот шампион Подравка, по зедничката вечера наместо да одмараат имаа задача да одработат несекојдневен тренинг. Тие мораа да го туркаат автобусот тежок 15 тони, кој се заглави во снежното невреме кое ја зафати Хрватска
Тренерот Златко Сарачевиќ го чистеше снегот под гумите, а ракометарките без приговори застанаа зад 15 тони тешкиот автобус ипочнаа да го туркаат, со што и надвот од теренот ја покажаа својата физичка подготвеност.
-По вечерата наместо тренинг нашите девојки мораа да им помогнат на возачите да го продолжат патувањето. Девојките дадоа се од себе и го помрднаа автобусот тежок 15 тони, ова е авантура што сигурно на сите ќе ни остане во долго сеќавање– се пофалија од Подравка.
Хрватските шампионки треба да учествуваат на турнир во Брашов што стартува на 18 декември, но со оглед на временските (не)прилики во регионот решија порано да тргнат на пат. Тоа се покажа како вистински потег, бидејќи веднаш по тргнувањето клупскиот автобус заглави и не можеше да се помрдне.