Connect with us

Ракомет

Ракометарките на Вардар по шести пат до трофејот во купот

Екипата на Вардар го победи Металург со 46:24 во финалето од Купот на Македонија и сезоната ја заврши на доминантен начин.

Вардар е втор тим во историјата на женскиот македонски ракомет што петпати по ред го освојувал Купот на Македонија.
На средбата со Металург немаше неизвесност, иако Вардар повторно играше со „домашен состав“ со десет ракометарки.

Шанса за играње добија домашните ракометарки, а Андреа Кликовац беше најуспешна со 12 голови, пред Саздовска со девет, и Ристовска со 8 гола.

Покрај пехарот и златните медали, сите три индивидуални награди ги добија ракометарките на Вардар. Јована Мицевска е најдобар голман, Теодора Керамичиева е најдобар стрелец, а Сара Ристовска е најдобар играч.