Ракомет
Ракометна ЛШ: Вардар со бод од Брест
После двата порази по ред од Барселона во Скопје и на гостински терен, Вардар денеска дојде до еден бод на гостувањето во белоруски Брест против Мешков. Херој на „црвено-црните“ беше германскиот ракометар Кристијан Дисингер кој погоди во последниот напад за Вардарци, и со тоа израмнувајќи на 31:31.
Летонскиот џин Кристопанс беше прв стрелец на мечот со осум гола, додека Дарко Џукиќ во Мешков постигна шест.
Во првиот дел се играше гол за гол, па така Мешков замина со минимална предност на полувремето (14:13).
Вардарци во ниту еден во вториот дел не дојде до водство, па така Мешков едно време имаше и шест голови предност (27:21). Меѓутоа Вардар успеа да се врати и стигна до минус 1 пред крајот, со што Дисингер успеа да го најде патот до мрежата и да донесе вреден бод за „црвено-црните“ од ова гостување.
Извор: ТВ21