Connect with us

Ракомет

Ракометните надежи го совладаа Косово

Македонската ракометна репрезентација попладнево го победи Косово со 39:16 на ЕХФ-шампионатот во Летонија.

„Црвено-жолтите“ предводени од селекторот Раде Стојановиќ беа надмоќни во однос на ривалот и заслужено стигнаа до убедлив триумф и пласман во следната фаза.

Најефикасен во македонскиот состав беше Александар Петковски со девет погодоци.

Ова беше втора победа за Македонците по вчерашниот успех на мечот со Турција.

Следен противник на македонските ракометари ќе биде домашната селекција на Летонија. Оваа средбата ќе одлучува за првото место во групата А2.