Connect with us

Фудбал

Рамос: Не ги разбирам Каталонците кои се залагаат Барса да игра во друго првенство

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос изјави дека не ги разбира Каталонците кои сакаат Барселона да заигра во друго првенство, но беше категоричен дека спортот и политиката не треба да се мешаат.

– Да не ги мешаме спортот и политиката. Се интересирам за она што се случува, но не разбирам како може толку многу Каталонците да преферираат Барса да игра во друго првенство, истакна Рамос.

Запрашан за разликата од осум бода која Барселона ја има во однос на Реал, Рамос рече дека има уште време да се стигне ривалот.

– Не е прв пат некои од екипите да имаат толкава разлика на врвот на табелата. Првенството е долго и можеме да ја надоместиме негативата. Сега треба да се фокусираме на натпреварот во Лигата на шампионите, по што повторно да се фокусира на Примера. Треба да се учиме од грешките за тие да не ни се повторуваат, дополни Рамос.

Реал утревечер гостува во Лондон кај Тотенхем во ЛШ, а в недела во шпанското првенство го пречекува Лас Палмас.