Фудбал
Рамос се пензионира! Одлуката на селекторот го одведе во пензија, а за неговата проштална порака ќе се зборува уште долго
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос објави дека става крај на репрезентативната кариера, по одлуката на новиот селектор Луис де ла Фуенте да го пречкрта од неговите идни планови, а пораката со која се прости од дресот на Фурија предизвика многу внимание.
Сега поранешниот капитен на Шпанија, освојувач на светска и две европски титули, реши да стави крај на настапите за репрезентацијата по 18 години и 180 одиграни натпревари.
Судејќи по зборовите, одлуката за повлекување од репрезентацијата се должи на тоа што Де Ла Фуенте повеќе не смета на него.
А тоа е многу тешко за 36-годишниот фудбалер на Пари Сен Жермен.
„Верувам дека овој пат заслужи да заврши со лична одлука или поради тоа што мојот настап не беше на потребното ниво за нашата репрезентација. Но, не поради возраста или други причини кои, без да ги слушнам, ги почувствував. Бидејќи да се биде млад или помалку млад не е доблест или мана, тоа е само привремена карактеристика што не е нужно поврзана со перформансите или способноста. Со восхит и завист ги гледам Модриќ, Меси, Пепе“ напиша Рамос, потсетувајќи дека споменатите тројца сè уште се суштински репрезентативци, иако, како и тој, се во доцните играчки години.
View this post on Instagram
А покрај тоа што отворено „удри“ по тренерот, на медиумите им падна чудно и фактот што Рамос ги спомна Модриќ, Меси и Пепе, но не и Кристијано Роналдо.
Роналдо (38) е капитен на Португалија и засега нема намера да се пензионира. Тој и Рамос се поранешни соиграчи и големи пријатели. Барем беа кога заедно ги бранеа боите на Реал Мадрид…