Фудбал
Рамос со рекорд како Лионел Меси
Серхио Рамос постигна гол синоќа во натпревар од 11. коло од шампионатот на Шпанија против Леганес на кој Реал Мадрид славеше со 5:0. Со ова Рамос постигна барем еден гол 16. сезона по ред во Ла лига.
Шпанскиот репрезентативец го повтори рекордот на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси кој исто така ги погодувал противничките мрежи 16 сезони во низа.
Рамос е член на Реал од 2005 година.