Фудбал
Распад на системот во Србија – Украинците ги почестија со „патарда“ во мрежата
Репрезентацијата на Србија запиша еден од најтешките порази во својата историја. Во склоп на третото коло од групата Б на квалификациите за Европско првенство 2020, Украина славеше со 5-0 против Србија.
Фудбалерот на Динамо Киев, Виктор Циганков постигна два гола за две минути во првото полувреме за водство на Украина, пред Евген Конопљанка со два гола и Роман Јаремчук да ја довршат работата и да го пратат тимот на селекторот Младен Крстајиќ дома со понижувачки резултат.