Ракомет
Раул го предводи Марсениќ и најдобрите седум во СЕХA за ноември
Вардар е неприкосновен во СЕХА Газпром лигата со осум победи на исто толку средби сезонава и со серија од 14 натпревари по ред на кои триумфира. Таа доминација секогаш се преточува и со избор на некој ракометар, и нормално на тренерот Раул Гонзалес кога се прави кои го одбележале месецот што изминал.
Овојпат на листата во СЕХА Газпром лигата се најдоа Раул Гонзалес и пивотменот Михајло Марсениќ. Во нивно друштво се:
Алјаз Пањтар – голман (Целје)
Нико Медвед – лево крило Горење)
Бруно Буторац – десно крило (Татран)
Стипе Мандалиниќ – лев бек (ППД Загреб
Саша Баришиќ-Јаман – среден бек (Нексе)
Жарко Марковиќ – десен бек (ППД Загреб).