Connect with us

Ракомет

Раул Гонзалез: Со добра одбрана до лесни голови

Македонскиот првак Вардар ќе се обиде да биде првата екипа во историјата на завршните турнири во Лигата на шампионите што ќе успее да го одбрани тронот.

“Имавме доволно време да се подготвиме за тоа што не очекува и јас мислам дека направивме добра работа. Задоволен сум тоа како екипата ги одработи тренинзите пред Келн и ние сме подготвени за настап во полуфиналето. Оваа сезона немавме можност да играме против Монпеље, но добро ја анализиравме нивната игра и свесни сме дека ќе ни биде многу тешко. Монпеље игра многу добро во одбрана и затоа треба да бидеме максимално концентрирани во нападот. Исто така потребно е да играме на високо ниво и во дефанзивата бидејќи потребни ни се голови од против напади”, рече Гонзалез.

Мечот против Монпеље се игра утре, а почетокот е закажан за 20 часот.