Connect with us

Ракомет

Раул: Имаме иста мотивација како лани – мислам дека ќе направиме добар резултат

Тренерот и ракометарите на Вардар се оптимисти пред утрешниот полуфинален дуел на Фајнал фор турнирот од Лигата на Шампионите во Келн.

Гонзалес не сака да разговара за тоа кој е фаворит на дуелот, но вели дека мотивацијата кај неговите играчи е голема

„Имаме иста мотивација како лани. Секој ракометар сонува да игра Фајнал фор и сите треба да се фокусираме на полуфиналето. Некои од нив ќе си заминат, но откако ќе заврши Фајнал фор, дотогаш сме заедно и јас мислам дека ќе направиме добар резултат“, вели Раул.

Стојанче Стоилов вели дека целта е одбрана на трофејот.

„Ако одиграме како што треба, ништо нема да зависи од Монпелје“, вели Стоилов.

Хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ беше уште подиректен на попладневната средба со новинарите.

„Единствениот проблем на Монпелје е што игра против Вардар“.

„Доколку одиграме како лани, трофејот повторно ќе дојде во Скопје“, најавува Карачиќ.