Connect with us

Кошарка

Реакции на веста за смртта на Коби Брајант: Засекогаш ќе те паметиме!

Трагична вест го погоди светскиот спорт. Американските медиуми јавуваат дека Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа во САД.
Информација за несреќата прв објави американскиот таблоид „ТМЗ“ за потоа и „Лос Анџелес Тајмс“ да излезе со фотографија од местото на несреќата со дополнување дека сите патници и членови на екипажот ги загубиле животите во падот на хеликоптерот.
„Свесни сме за вестите што кружат за Коби Брајант, наскоро ќе ве известиме со детали“, објави „Лоса Анџелес Тајмс“ на својата интернет страница.

Брајант, кој наполни 42 години во август, беше меѓу пет лица во несреќата што се случила во близина на градот Калабасас. Нема преживеани. Оваа вест за порталот Variety ја потврди и полицијата во Лос Анџелес.

Веста за неговата смрт се шири низ социјалните медиуми, а кога стана јасно дека тој е вистина, спортистите и славните почнаа да се збогуваат со легендарниот Лос Анџелес Лејкерс.