Connect with us

Фудбал

Реал доби шамари на „Вембли“, Сити победи во Неапол

Доколку се погледне целосната статистика од вечерашниот фудбалски натпревар помеѓу англискиот клуб Тотенхем и шпанскиот Реал Мадрид кој се одигра во рамките на Лигата на Шампионите на „Вембли“, би рекле дека се работело за изедначен меч, но со резултат 3-1.

Главната улога на натпреварот ја одигра младиот англиски фудбалер од средниот ред, Деле Али. Тој со два гола, 27 и 56 минута го трасираше патот до победата, а точка стави Данецот, Кристијан Ериксен по еден час игра.

Роналдо во 80 минута погоди за само да го намали поразот.

Тотенхем е лидер во групата со 10 бода, пред Реал Мадрид со 7, а Борусија и АПОЕЛ одиграа 1-1 и остана на делба на третата позиција со по два освоени бода.

Англискиот Манчестер Сити пак одигра фантастично во Неапол, каде на гостински пораз го совлада Наполи со резултат 2-4.

Лоренцо Инсиње го отвори резултатот во 21 минута, но стоперите Отаменди и Стонс погодија за пресврт. Италијанецот Жоргињо погоди од пенал за 2-2, а по шест минути Серхио Агуеро им го врати водството на гостите. Конечните 2-4 дојдоа од копачката на Рахим Стерлинг во судиското продолжение.Totenhem

Сити е лидер со максимални 12 бода, пред Шахтјор кој има девет, а Наполи остана со три бода и речиси минимални шанси за пласман во следната фаза.

По победата во Марибор од 0-7, Ливерпул вечерва во повратните натпревари од ЛШ, дома ги победи Словенците со 3-0, а и шпанската Севиљa прокнижи големи три бода со победата над Спартак Москва од 2-1.

Во оваа група Ливерпул е прв со осум бода, пред Севиља со седум и Москва со пет на две кола до крајот на групната фаза.

Група Е: Ливерпул – Марибор 3-0, Севиља – Спартак 2-1

Група Ф: Наполи – Сити 2-4, Шахтјор – Фејенорд 3-1

Група Г: Бешикташ – Монако 1-1, Порто – Лајпциг 3-1

Група Х: Борусија Д. – АПОЕЛ 1-1, Тотенхем – Реал Мадрид 3-1

Извор: Нова ТВ