Кошарка
Реал го доби дербито против Фенербахче
Реал Мадрид славеше против Фенербахче со 81-77 во судир меѓу два од фаворитите во првото коло од кошаркарската Евролига.
Реал Мадрид успеа да триумфира по подобрата игра во одбраната и неочекуваниот џокер во лицето на Џефри Тејлор, кој заврши со 19 поени и 8 асистенции.
За Фенербахче, Нандо де Коло постигна 22 поени, а Дерик Вилијамс заврши со 19 и 10 скокови, откако Американецот ги одигра сите 40 минути, што е навистина извонредно.
Останати натпревари од вчера Химки – Макаби 89:83, Панатинаикос – Црвена Звезда 87:82, Баерн – Олимпија Милан 78:64.