Фудбал
Реал го преживеа и Лас Палмас: Винисиус и Чуамени го режираа пресвртот (ВИДЕО)
Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на гости против Лас Палмас со резултат 2:1, во натпреварот од 22. коло на шпанската Примера.
Играта на „кралскиот клуб“ беше далеку од убедлива во последниот месец и на претходните четири првенствени натпревари избраниците на Карло Анчелоти доста се мачеа. Сепак, најважно за него е што се остварени четири победи, од кои онаа во последното коло против Алмерија, извојувана по голем пресврт, крена голема прашина во шпанскиот фудбал.
Реал го доби вториот меч по ред со пресврт во последните половина час од играта, со што го задржа првото место на табелата пред Жирона. На вечерашната средба Лас Палмас поведе преку Хавиер Муњоз во 53. минута, но овој гол не беше доволен за домаќините да извлечат ниту бод. Се играше во 65. минута кога Винисиус Жуниор на асистенција на Едуардо Камавинга го израмни резултатот, а во 84. минута Орељан Чуамени ги постави конечните 2:1.