Connect with us

Фудбал

Реал ја започна Новата година со сензационален пораз во малото мадридско дерби

Лидерот во шпанската Ла Лига Реал Мадрид стартуваше со шокантен пораз со  0:1  на гостувањето кај Хетафе во првиот натпревар од новата 2022 година во шампионатот. Енес Унал го постигна единствениот победнички гол   во деветтата минута по киксот на Едер Милитао.

Лос Бланкос одиграа прилично безличен натпревар, иако создадоа одлични ситуации. Проблемите за Реал дојдоа од многуте погрешни одлуки и непрецизните игри на првите позиции. Во првото полувреме домаќините поведоа со првиот удар на натпреварот, но „белите“ се разиграа и беа блиску до израмнување, но гредата ги спречи. Во вториот дел Реал продолжи да доминира, но никогаш не успеа сериозно да се закани на вратата на Давид Сорија.

Така Хетафе му го нанесе првиот пораз на Реал по 15 натпревари и го забележа првиот успех над овој противник од 2012 година. Тимот на Кике Санчез Флорес веќе има 18 бодови и ја зазема 16-та позиција, три повеќе од опасната зона. Реал и покрај поразот продолжува да биде убедлив лидер во шампионатот со 46 бодови и предност од осум пред второпласираната Севиља која, сепак, има два натпревари помалку. Во следното коло Гетафе им гостува на „андалузијците“, додека Реал е домаќин на Валенсија, но претходно гостува Алкојано за Купот на кралот.

До крајот на натпреварот домаќините го одложуваа времето, а играчите на гостите никако да дојдат до нова добра ситуација и со изненадувачки пораз ја започнаа 2022 година.