Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид донесе одлука за иднината на Солари

Реал Мадрид донесе решение за иднината на Сантијаго Солари. Тој ќе остане ментор на „белиот балет“ барем до понеделник, информира „АС“. Според публикацијата, тој ќе ја предводи екипата против Ваљадолид, но тоа не значи дека тој ќе го исполни својот договор до крај.

Менаџментот на клубот се очекува да донесе конечна одлука следната недела, најверојатно во понеделник. Две имиња се фаворити за нов тимски ментор – Зинедин Зидан и Жозе Мурињо. И двајцата во моментов не управуваат со тим и веднаш можат да го заменат Солари, кој нема повеќе што да му даде на тимот.

Флорентино Перез сакал да го разреши Солари веднаш откако тимот изгуби од Ајакс, но по неколку средби со извршниот директор Хозе Санчез ја одложил својата одлука. Последната беше вчеравечер.

На чело со Солари, Реал отпадна и од Купот на Шпанија од Барселона, додека во лигата заостануваат 12 поени од првото место. (МИА)

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com