Фудбал
Реал Мадрид донесе одлука за судбината на Модриќ иако тој имаше друга желба
Шпанскиот весник Релево денеска објави ексклузивна вест за Лука Модриќ и Реал Мадрид, бидејќи тврдат дека Кралскиот клуб донел конечна одлука да не му понуди нов договор на Хрватот. Актуелниот договор на Модриќ истекува на крајот од сезоната и веќе подолго време се зборува за негово заминување, што беше најавено уште есента, но во последните неколку дена приказната за евентуален престој стана се поактуелна.
🚨 BREAKING: Real Madrid are NOT willing to renew Luka Modrić’s contract, they believe it’s time to pave the way for the young players. @relevo pic.twitter.com/0fusumW2xb
— Madrid Xtra (@MadridXtra) May 14, 2024
За останување на Модриќ беа и навивачите, кои за време на првенствениот говор скандираа да остане, Хрватот немаше ништо против, но Реал порача дека нема да ја продолжи соработката со својата легенда.
„Одлуката е практично донесена и во наредните денови клубот ќе подготви достоинствено збогување што сака да му го даде на легендарниот Модриќ“, пишува Релево.
Модриќ беше за продолжување на договорот за уште една година, беше подготвен да ги намали приходите, но тоа не можеше да ги убеди челниците на Реал Мадрид кои едноставно сакаат да им дадат простор на помладите играчи.