Фудбал
Реал Мадрид и го нанесе првиот удар на Барселона за идната сезона
Шпанскиот клуб Реал Мадрид денеска потврди дека го добил потписот на јапонскиот вундеркинд, Такефуса Кубо.
Тинејџерот е важна инвестиција за иднината на „кралскиот клуб“ и на почетокот ќе биде дел од младинската академија и тренер ќе му биде Раул Гонзалес. Кубо потпишал петгодишен договор со Реал, а доаѓа од екипата на Токио која ќе заработи 2 милиона евра за овој трансфер.
Она што е посебно интересно за кариерата на Кубо е што тој беше дел од младинската академија на Барселона и важеше за најголем талент во неговата генерација, но принудно се врати во својата земја откако каталонскиот клуб доби казна од ФИФА поради недозволеното потпишување договори со малолетни играчи од други земји. Талентираниот плејмејкер мина четири години во „Ла Масија“, но враќањето во Јапонија очигледно го одалечи од Барселона, па Кубо и неговите родители решиле да ја одбијат Барса и да ја прифатат понудата на нејзиниот најголем ривал.
Јапонецот ќе биде дел од Кастилја тимот на Реал, а според „Марка“ добил фантастични услови, односно 1 милион евра по сезона. Фудбалските фанови ќе имаат можност да го гледаат Кубо и на Копа Америка, каде ќе биде дел од јапонската репрезентација која настапува како специјален гостин на јужноамериканскиот шампионат.
Извор: derbi.mk