SPORTM.mk
Реал Мадрид и Јувентус ќе бидат исфрлени од ЛШ
Флорентино Перез и Андреа Ањели се најголемите заговорници на идејата за создвање на фудбалска лига на богатите клубови. Проектот пропадна по само 48 часа, а заедно со Реал Мадрид и Јувентус остана само уште Барселона. Но, според одредени информации УЕФА на каталонскиот тим нема да се однесува како кон шпанскиот и италијанскиот првак.
Дека некои клубови ќе сносат последици најави вчера и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин. Но, денеска Газета дело Спорт, пишува дека Реал Мадрид и Јувентус следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите. УЕФА нема да им дозволи, а тоа ќе им биде казната поради Флорентино Перез и Андреа Аљели.