Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид и прави проблем на Барса, се вклучува во трката за одличните млади напаѓачи

Повеќекратниот европски и шпански шампион Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач. Тренерот на „кралскиот клуб“ го следи напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез, за кого исто така се тврди дека е заинтересирана и Барселона.

Но, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, повеќе го сака напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Хaланд.

Реал може да му понуди на германскиот клуб за Хaланд размена со Лука Јовиќ плус доплата. Јовиќ не може да се прилагоди во Ла Лига.