Фудбал
Реал Мадрид има нов капитен и дури три резерви
Реал Мадрид соопшти дека има нов капитен по заминувањето на Карим Бензема. Станува збор за Начо Фернандез, кој му беше заменик капитен на Французинот кој замина во Саудиска Арабија.
Назначени се и замените на Начо за претстојната сезона. Вкупно се три. Втор капитен ќе биде Лука Модриќ, трет Дани Карвахал, а четврти Германецот Тони Крос.
Реал ги назначува капитените според искуството на играчите во првиот тим.
Начо е „дете“ на Реал и цел живот го помина во „кралскиот клуб“. Имаше само 11 години кога пристигна и е приврзан за првиот тим од сезоната 2010/2011.
Новиот капитен со „кралскиот дрес“ дебитираше во Примера на 23 април 2011 година на мечот против Валенсија на „Местаја“. За Реал одигра вкупно 319 официјални натпревари. Тој освои 21 трофеј, вклучувајќи четири титули во Ла Лига и пет титули во Лигата на шампионите.